Меркел во официјална посета на Вашингтон
17.03.2017 10:14
Се очекува главна тема на разговорите да бидат економијата, политичката безбедност но и мигрантската криза.

Германската канцеларка Ангела Меркел е во официјална посета на Вашингтон на средба со американскиот претседател Доналд Трамп.
Се очекува главна тема на разговорите да бидат економијата, политичката безбедност но и мигрантската криза.
Ова е прв состанок помеѓу американскиот претседател и германската канцеларка откако тој стапи на функцијата претседател.
Инаку средбата требаше да е одржи во вторникот, но беше одложена поради снежната бура на американска територија.
