Заев на распит во Обвинителство

17.03.2017 10:52

За него и за други раководни лица од партијата се покренати две истражни постапки за злоупотреба на финансирање на изборна кампања за време на изборите во 2014-та и декември 2016-та година.

Зоран Заев, лидерот на СДСМ денеска треба да се појави на распит во основното Јавно обвинителство.

За него и за други раководни лица од партијата се покренати две истражни постапки за злоупотреба на финансирање на изборна кампања за време на изборите во 2014-та и декември 2016-та година.

Во предистражната постапка веќе биле сослушани над 70-тина сведоци.