Бронза за Јованоска, Македонија одново на пиедесталот
Првиот ден од натпреварите на 41 Европско првенство во карате, кое се одржува во Лисабон, ја донесе и првата голема радост за нашите каратисти. Во дисциплината кати поединечно, Пуликсенија Јованоска освои бронзен медал во конкуренција на постари јуниорки (-21 година). Тоа е прв трофеј воопшто во поединечните настапи во кати во историјата на македонското карате, до кој Јованоска дојде по три убедливи победи, против Гркинката Сидери со 5:0, против Французинката Ерве со 4:1, и Германката Кител со 5:0, а единствениот пораз беше миминален со 2:3, од Турчинката Бурсанур.
Првиот ден од натпреварите на 41 Европско првенство во карате, кое се одржува во Лисабон, ја донесе и првата голема радост за нашите каратисти. Во дисциплината кати поединечно, Пуликсенија Јованоска освои бронзен медал во конкуренција на постари јуниорки (-21 година). Тоа е прв трофеј воопшто во поединечните настапи во кати во историјата на македонското карате, до кој Јованоска дојде по три убедливи победи, против Гркинката Сидери со 5:0, против Французинката Ерве со 4:1, и Германката Кител со 5:0, а единствениот пораз беше миминален со 2:3, од Турчинката Бурсанур. Покрај извонредните настапи на Јованоска, одлични настапи имаше и Маријана Димоска, која во кадетска конкуренција, оствари пласман на 5 – то место, притоа остварувајќи три убедливи победи, против претставничките од Хрватска, Украина и од Франција.
Во текот на денешниот ден, на програмата се настапите на јуниорските репрезентации во кати и во борби, како и во дисциплината кати за постари јуниори до 21 година.
На ЕП во Лисабон учествуваат вкупно 831 натпреварувачи од 46 земји, а репрезентацијата на Македонија е меѓу најбројните, со вкупно 30 каратисти и каратистки.
