42 лица загинаа во напад врз џамија во Сирија
17.03.2017 11:12
Нападот се случил за време на молитва во Алепо. Најверојатно станува збор за израелски напад, велат медиумите.

Најмалку 42 –ца цивили загинаа во вчерашниот авионски напад врз џамија во Сирија, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.
Нападот се случил за време на молитва во Алепо. Најверојатно станува збор за израелски напад, велат медиумите.
Според последните податоци, во војната во Сирија која почна во 2011-тата до сега загинаа 300 илјади луѓе, а неколку милиони побараа спас во други земји.
