ВМРО-ДПМНЕ: Заев да се откаже од платформата од Тирана

17.03.2017 12:45

Зоран Заев нека се откаже јасно и гласно од Тиранската платформа, по што ќе добие поддршка за формирање малцинска влада, се вели во соопштение на партијата.

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш го охрабрува Зоран Заев да се откаже од уцената, односно од Tиранската платформа. Зоран Заев нека се откаже јасно и гласно од Тиранската платформа, по што ќе добие поддршка за формирање малцинска влада, се вели во соопштение на партијата.

Втората можност е да прифати нови парламентарни избори заедно со локалните каде што граѓаните ќе можат демократски да се изјаснат за изборните програми и за платформата ако во неа верува Заев, пишува во дописот на ВМРО-ДПМНЕ.

Од оваа партија исто така нагласуваат и дека СЈО е продолжена рака на Зоран Заев кое има улога на цензор за расчистување со медиумите. Нема рационална причина за продолжување на мандатот на СЈО, велат во ВМРО-ДПМНЕ.