Спасовски: Веднаш да продолжи конститутивната седница
Очекуваме Вељаноски веднаш да свика продолжение на седницата, а предходно да има координација на сите пратенички групи за составот на Комисијата за избори и именувања, изјави генералниот секретар на СДСМ.

СДСМ достави иницијатива со 67 потписи до претседавачот Вељаноски за продолжување на конститутивната собраниска седница. Зад неа стојат и пратениците од ДУИ, БЕСА и Алијансата за албанците. Очекуваме Вељаноски веднаш да свика продолжение на седницата, а предходно да има координација на сите пратенички групи за составот на Комисијата за избори и именувања, изјави генералниот секретар на СДСМ.
„Очекуваме Трајко Вељаноски веднаш да свика продолжение на конститутивната седница на Собранието на Република Македонија. Конечно оваа клучната институција како претставнички орган на граѓаните на Република Македонија да почне да функционира затоа што мора да работи и функционира во интерес на државата. Прв чекор е избор на претседател на Собранието, кој ќе го тргне и последниот неразумен аргумент на Ѓорге Иванов, кој е должен да му го даде мандатот за состав на Влада на претседателот на СДСМ, Зоран Заев“, изјави Оливер Спасовски.
