Хан во вторник доаѓа во Македонија
Предвидени се средби со претседателот Иванов и со партиите кои се застапени во Законодавниот дом.

Стигна потврда од Брисел. Еврокомесарот Јоханес Хан и тројката европратеници во вторник доаѓаат во Македонија. Предвидени се средби со претседателот Иванов и со партиите кои се застапени во Законодавниот дом.
„Посетата е веќе ставена на агендата, можам да потврдам дека еврокомесарот Хан ќе пристигне во Скопје, во вторник идната недела, на 21-ви март. Тој доаѓа со тројца европратеници кои ви се добро познати- Флекенштајн, Кукан и Вајгл. Тие ќе се сретнат со претставниците на сите парламентарни партии и со претседателот Иванов. Уште еднаш ќе биде повторена цврстата европска линија за признавање на резултатот од изборите, за да се дозволи демократските процеси да продолжат и брзо да се формира Влада за спроведување на договорот од Пржино“, изјави портпаролката Маја Коцијанчич.
