ЗОИ Сочи

Кралот го оправда прекарот

08.02.2014 20:56

Златен медал за Оле Еинар Бјорндален во бијатлонската трка на 10 километри за влез во историјата.

Златен медал за Оле Еинар Бјорндален во бијатлонската трка на 10 километри за влез во историјата.

12-ти  олимписки медал во кариерата  за израмнување со најуспешниот во историјата на зимските игри, Бјорн Дели, 7 златен , вкупно 26-ти со највисок зјај од Олимписките игри и Светските првенства за новиот великан-Олимпионик на бијатлонот Оле Еинар Бјорндален. И на почетокот на 5-тата деценија од животот покажа дека кога нешто се посакува може да се оствари, се надмина себеси  и покрај едното промашување на стрелиштето во спринтот на 10 километри ги остави зад себе австриецот Доминик Ландертингер за само 1,6 секунди и чехот Јарослав Соукуп за близу 6 секунди.  Ништо од многу најавуваниот и очекуван дуел меѓу водечките во генералниот пласман оваа сезона Мартин Фуркад и  Емил Хегле Сведсен. Французинот беше 6-ти, швеѓанецот 9-ти, но длабоко во сенка на ненадминатиот Оле Еинар Бјорндален.