Над 400 учесници на Саемот за мебел
Се очекуваат, како и секоја година, над 50 илјади посетители на најемнинетната саемска манифестација во земјава.

На меѓународниот скопски Саем за мебел што почнува в среда ќе учествуваат над 400 домашни и странски проиизводители и трговци, но и банки и осурителни компании што ќе понудат одредени кредитни поволности. Се очекуваат, како и секоја година, над 50 илјади посетители на најемнинетната саемска манифестација во земјава.
За прв пат ќе се појават и компании кои редизајнираат стари парчиња мебел. Оваа година Саемот нуди поинакви изненадувања за посетителите, односно ќе им понуди понуди интересен шопинг предизивик, велат од Скопски саем.
За посетителите а да учествуваат во истиот ќе мора да го посетат Саемот, да направат фотографија од нивното омилено парче мебел и истото да го објават на нивниот Фејсбук профил како јавен пост, со хаштагот #МоетоОмиленоПарчеМебел. Откако, ќе го направат тоа, фотографиите со најмногу лајкови ќе бидат наградени со вредносни ваучери од 300, 500 и 700 евра.
