Катастарот воведува Адресен регистар на Република Македонија

17.03.2017 13:24

Со тоа ќе се овозможи запишување на граѓаните според местото и адреса на живеење. Избрани се четири пилот општини каде што овој регистар треба да биде завршен до крајот на годинава.

Во Катастарот почна спроведувањето на регистарот според адресите на живеење во земјава. Со тоа ќе се овозможи запишување на граѓаните според местото и адреса на живеење. Избрани се четири пилот општини каде што овој регистар треба да биде завршен до крајот на годинава.

Директорот на Агенцијата Славче Трпески истакна дека во моментов во примена се недоволно прецизни законски и подзаконски одредби, недоволно прецизни стандарди за испишување на називите на улиците и дека  отсуствуваат стандарди за нумерирање на поедини типови на објекти.

Адресниот регистар е еден од клучните регистри во државата. Тој ќе содржи просторни податоци за улиците и куќните броеви и ќе биде поврзан со Регистарот на просторни единици. На тој начин сите заинтересирани субјекти сите информации поврзани со адресите ќе имаат можност по електронски пат на брз и ефикасен начин да ги добијат од Агенцијата за катастар на недвижности, истакна Трпески.

Информираше дека изведувачот има обврска да направи анализа и припрема на адресните податоци од постојните бази на повеќе државни институции за нивна теренска проверка, преку изработена мобилна таблет-апликација.