Британската кралицата даде согласност за законот за Брегзит

17.03.2017 13:28

Кралската согласност е последниот формален чекор откако во понеделникот пратениците и лордовите се согласија за напуштање на европскиот блок.

Британската кралицата Елизабета даде кралска согласност за законот за Брегзит, со што патот за  преговорите за напуштање на Европската унија е отворен.

Кралската согласност е последниот формален чекор откако во понеделникот пратениците и лордовите се согласија за напуштање на европскиот блок.

Сега премиерката Тереза Меј треба да го извести Брисел при што следува две годишен процес на преговори.