Пукање во близина на кумановската касарна „Боро Менков“

17.03.2017 13:47

Полициски службеници излегле на местото на настанот, при што биле пронајдени пет чаури од гасен пиштол.

Непознато лице од возило во движење вчера попладне испукало неколку куршуми од огнено оружје во близина на касарната „Боро Менков“ во Куманово, соопшти денеска МВР.

Полициски службеници излегле на местото на настанот, при што биле пронајдени пет чаури од гасен пиштол.

Случајот во СВР Куманово вчера во 17 часот го пријавиле вработени во касарната „Боро Менков“.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.