Заев на распит за нелегално финансирање на изборна кампања

17.03.2017 14:12

По полчасовното сослушување Заев изјави дека идната среда ќе му бидат приложени доказите за да може да ја состави одбраната.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев беше повикан во јавното обвинителство на распит под сомнение за злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања. По полчасовното сослушување Заев изјави дека идната среда ќе му бидат приложени доказите за да може да ја состави одбраната.

Како што знаете овде сме да ја докажеме нашата невиност, почитувајќи ги институциите, во нормална законска процедура да ја докажеме невиноста за којашто сме под сомнение како организатори на изборна кампања, јас, едно вработено лице во администрацијата на СДСМ и правното лице СДСМ- рече Заев.