ЗОИ Сочи

САД и Канада – моќно!

08.02.2014 21:00

Фаворитките ги оправдаа очекувањата на отворањето на женскиот хокејарски турнир на Олимписките зимски игри во Сочи. Соединетите Американски Држави и Канада се загреваа во премиерните настапи на мразот.

Американките ја совладаа Финска со 3-1, откако Најт, Стек и Карпентер уште по две третини најавија дека противничките немаат шанси. Почесниот гол за Финска го постигна Тапани на пет минути до крајот. Во другиот натпревар од групата „А“, бранителките на тронот од Ванкувер, Канаѓанките, беа поуспешни од Швајцарија со 5-0. Мрежата ја погодија Џонсон, Паулин, Викенхајзер, Вотхорн и Ларок.

Утре, во премиерната рунда од групата „Бе“, Шведска ќе игра со Јапонија, а Русија со Германија.