Верските заедници апелираат за смирување на состојбите

17.03.2017 14:23

Во документот стои дека вистинско заедничко живеење се постигнува единствено со мир, со почитување на различностите на секој поединец.

Оваа прилика е историска можност да покажеме дека навистина ја сакаме нашата татковина-Република Македонија, без разлика на која верска заедница припаѓаме. Петте верски водачи на заедниците во земјава ставија потпис на заедничка изјава.

Во документот стои дека вистинско заедничко живеење се постигнува единствено со мир, со почитување на различностите на секој поединец.

Апелираат до политичарите и партиите да го покажат своето човекољубие и родољубие и во духот на почитувањето и толеранцијата да преземат заеднички и неодложни мерки засновани врз легитимни државни законски прописи, во надминување на искушенијата и опасностите што демнат.