Градоначалниците можат да ги извршуваат функциите до средината на мај

17.03.2017 14:52

Со оглед на фактот што изборите сѐ уште не се распишани, било побарано правно мислење за ситуацијата, според кое, од Министерството за правда сметаат дека важи определениот рок според членот 16 од Изборниот зконик...

Градоначалниците и членовите на Советите на општините можат да ги извршуваат своите законски надлежности до крајот на првата половина од мај- ваков одговор добило Министерството за локална самоуправа од ресорот правда.

Со оглед на фактот што изборите сѐ уште не се распишани, било побарано правно мислење за ситуацијата, според кое, од Министерството за правда сметаат дека важи определениот рок според членот 16 од Изборниот зконик, за да се обезбеди континуирано вршење на надлежностите до страна на органите на општините.