Метео: Дневните температури во пораст
17.03.2017 15:11
На места утринските температури повторно ќе паднат под нулата, а дневните ќе бидат во пораст.

Првиот ден од викендот ќе ни донесе сончево време со мала облачност и со умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.
На места утринските температури повторно ќе паднат под нулата, а дневните ќе бидат во пораст.
Во Скопје во текот на денот се очекува температура до 19 степени.
Во недела има веројатност за преодно локално наоблачување со слаб дожд но и натаму ќе биде топло со температура до 21 степен.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
