Несоницата е во подем
Здравствените работници апелираат мора да се подигне свеста и да се побара стручна помош. Човек кој не е наспан, има проблеми во вршењето на секојдневните активности.

Несоницата е во подем, покажуваат светските истражувања. 40 проценти од работоспособното население на возраст од 30 до 50 години имаат некој симптом на несоница. Причините ги препознаваат со стресот и општествено-политичките случувања. Здравствените работници апелираат мора да се подигне свеста и да се побара стручна помош. Човек кој не е наспан, има проблеми во вршењето на секојдневните активности.
„Употребата на силни лекови носи опасност од создавање на толеранција и навикнување, и токму поради тоа употребата на седативи и хипнотици мора да се врши исклучиво во консултација со лекар“, изјави Филип Ачковски, фармацевт.
Несоница е кога некој не може да заспие за 30 минути, или ако се буди три пати во текот на ноќта. Сонот треба да трае од 6 до 8 часа.
Постарите од 18 години не треба да спијат повеќе од 8 часа и треба да си легнуваат околу 23 часот.
Според светските истражувања 95 проценти од повозрсаната популација страда од несоница, само 17 проценти од нив бараат лекарска помош.
Наташа Јанчиќ
