Расчистен инцидентот на Бит-Пзар од 29 Декември

08.02.2014 21:06

Полицијата  уапси  8-мина скопјани  на возраст од  28 до 40 год, што ќе одговараат за инцидентот што се случи на  Бит-Пазар на 29-ти декември.  Еден од нив со нож прободе  полицаец, а  преостанатите  ја попречуваа  Единицата за прв одговор и интервенција-АЛФА  во  запленувањето на  поголемо количество петарди.  Инцидентот настанал кога полицијата  лишила  две лица што на улица  нелегално  продавале петарди и им ги одзеле. За кратко време се собрале околу 700 луѓе и ја блокирале улицата во непосредна близина на Бит-Пазар.

Во толпата биле сите 8 пријавени, при што првоосомничениот  со физичка сила, прво почнал да турка еден полициски службеник, а потоа извадил метална палка и го удрил во пределот на коленото, а другите седумина пријавени спречувајќи ги полициските службеници во вршењето на нивната должност, и овозможиле на толпата да ја земе запленетата пиротехника и да ги ослободи двете лица, кои претходно биле лишени од слобода, појасни помошникот министер за односи со јавноста во МВР Иво Котевски.

 Како знак за предупредување биле испукани неколку проектили во воздух од полицијата , за кратко време пристигнале и уште седум тимови на Единицата Алфа , по што ситуацијата била ставена под контрола. Од видеозаписите  е утврден идентитетот на 8- темина. 

Првоосомничениот кој го прободел полицискиот службеник и уште четворица кои ги спречуваа полициските алфи во извршувањето на работната задача, судија од претходна постапка им изрече мерка „притвор“. На другите им е изречена мерка „внимателност“.

Пријавените и се добро познати на полицијата по низа насилства, недозволена трговија со оружје и фалсификувања за што од судот им биле изрекувани затворски казни.

Автор: Наташа Гркова-Петрушевска