Трамп со критики кон Ким Јонг-ун поради програмата за проектили
Американскиот претседател Доналд Трамп упати критики кон Ким Јонг-ун. Минатиот пат властите во Пјонгјанг тестираа ракетен мотор на копно кој може да се употреби и во проектили.

Според официјален Сеул, најновите тестирања на ракетен мотор во Северна Кореја покажаа значителен прогрес во програмата за развој на проектили. Пјонгјанг тврди дека нуклеарното и ракетното оружје е потребно за самоодбрана од непријателите, вклучувајќи ги и САД и јужниот сосед.
Американскиот претседател Доналд Трамп упати критики кон Ким Јонг-ун. Минатиот пат властите во Пјонгјанг тестираа ракетен мотор на копно кој може да се употреби и во проектили.
Највниот тест е извршен на крајот на посетата на шефот на американската дипломатија на Токио, Сеул и Пекинг на која изјави дека Вашингтон ќе си замине од неуспешниот пристап на стратегиското трпение кон Пјонгјанг.
Тилерсон предупреди и дека е можна воена акција.
