Хан и тројката европратеници утре во Македонија
20.03.2017 11:41
Предвидени се средби со претседателот Иванов и парламентарните партии.

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, заедно со тројката европратеници, Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштај, утре доаѓа во Македонија во обид да се најде излез од политичката криза.
Предвидени се средби со претседателот Иванов и парламентарните партии.
Хан пред посетата на земјава, во интервју за виенскиот весник „Курир“, порача дека ситуацијата во Западен Балкан е кревка.
„Трајно решение е можно само во меѓународни рамки, иднината на Балканот е во Европската унија“- вели Јоханес Хан.
