Премиерот на кантонот во Сараево поднесе оставка
Ден по кулминацијата на жестоките протести што се одржаа во повеќе градови на Босна и Херцеговина, денеска нови судири меѓу полицијата и демонстрантите. Граѓаните повторно излегоа на улиците на Сараево, Сански Мост, Бихаќ, Коњица... Повредени се повеќе лица. Премиерот на кантонот во Сараево, Суад Жељковиќ, поднесе поставка. Претходно во медиумите се појави аудио снимка на која тој на новинарско прашање дали ќе поднесе оставка, реагира на вулгарен и на недоличен начин.
Ден по кулминацијата на жестоките протести што се одржаа во повеќе градови на Босна и Херцеговина, денеска нови судири меѓу полицијата и демонстрантите. Граѓаните повторно излегоа на улиците на Сараево, Сански Мост, Бихаќ, Коњица... Повредени се повеќе лица. Премиерот на кантонот во Сараево, Суад Жељковиќ, поднесе поставка. Претходно во медиумите се појави аудио снимка на која тој на новинарско прашање дали ќе поднесе оставка, реагира на вулгарен и на недоличен начин. Во вчерашните протести, во кои беа повредени над 300 лица, меѓу другото беше уништен и еден од депоата на Архивот на Босна и Херцеговина што е од непроценливо богатство. Полицијата заплени и 12 килограми дрога.
„Како граѓанин сметам дека ова е последица на неработењето на бирократијата и на органите на власт во градот“.
„Мирните протести се во ред. Но ова вчера беше режирано. Од каде им на луѓето камења. Ги гледав младите кога се враќав од работа, тиа вадеа камења од џебовите. Значи тоа беше намерно“. – велат граѓаните
Некои граѓани велат дека е потребно мирно и демократско решение за проблемот и дека незадоволството треба да се искаже на достоинствен начин. Други пак велат дека до политичарите може да се допре само преку агресија.
„За жал, ова беше неопходно зло. Овие згради се приватни институции на владејачката олигархија којашто ги доведе луѓето на оваа земја до оваа ситуација. Мислам дека овие згради не вредат ништо и требаше да се запалат“. - Ибран Мустафиќ, поранешен пратеник во парламентот на Босна. - Ибран Мустафиќ, поранешен пратеник во парламентот на Босна
Во едно се согласуваат сите, за целата штета ќе плати народот.
Марина Автовска
