Метео: Сончево и топло и во наредните денови
20.03.2017 12:22
Сончевото време ќе продолжи и во наредните денови со натпросечни температури за овој период од годината.

Утре во Македонија ќе преовладува сончево и топло време со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Попладне во западните делови ќе има услови со мала веројатност за ретка појава на краткотраен слаб дожд.
Сончевото време ќе продолжи и во наредните денови со натпросечни температури за овој период од годината.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
