САД: Забрана за електронски уреди во авионите од осум земји од Блискиот Исток и Северна Африка

21.03.2017 11:19

Мерката е донесена откако разузнавачките агенции добиле информации за можни терористички напади.

Патниците од Турција, Египет, Јордан, Кувајт, Мароко, Катар, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати не смеат да носат електронски уреди во кабинскиот багаж доколку одат во САД.

„Во наредните неколку денови ќе биде хаотично овде.“

„Не ми се допаѓа ова, не е фер.“

„Не мора да имаме уреди со себе кога летаме, но ова е веќе непочитување на личните права, сакам конректна причина“- велат патниците.

Мерката е донесена откако разузнавачките агенции добиле информации за можни терористички напади. Пред една година, авион од компанија во Дубаи беше оштетен од мала експлозија накратко по полетувањето од сомалискиот главен град Могадишу. Бомбата била во лаптоп така што единствена жртва бил самиот напаѓач.