Миграцијата и безбедноста во фокус на претседателската дебата во Франција

21.03.2017 12:42

Главни фаворити се поранешниот министер за економија Емануел Макрон кој се обидува да воспостави баланс меѓу левицата и десницата и лидерката на ултрадесничарите од Националниот фронт Марин Ле Пен.

Клучните кандидати на француските претседателски избори се соочија во телевизиска дебата посветена првенствено на миграцијата и на безбедноста.

Според анкетите, рекордни 40% од гласачите се неопределени. Меѓу оние кои зазеле став, главни фаворити се поранешниот министер за економија Емануел Макрон кој се обидува да воспостави баланс меѓу левицата и десницата и лидерката на ултрадесничарите од Националниот фронт Марин Ле Пен.