Гласачите од дијаспората да се пријават до 7-ми март
09.02.2014 11:49
Македонските државјани кои живеат во дијаспората имаат рок до 7-ми март да се пријават за гласање на претседателските избори

Македонските државјани кои живеат во дијаспората имаат рок до 7-ми март да се пријават за гласање на претседателските избори во македонските дипломатски претставништва или преку интернет страницата на Државната изборна комисија.
Преку интернет страницата на Државната изборна комисија http://www.sec.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=100&Itemi...,
може да се симне пријавата за гласање, која содржи и информации како граѓанинот може да се пријави за гласање.
Пополнетата пријава, заедно со скенирани копии од македонскиот пасош и од документот со кој се докажува привремен престој или работа во странство, потоа треба да се испратат на интернет адресата на Државната изборна комисија.
За македонските граѓани во Северна Америка интернет адресата на која треба да се пратат е [email protected].
Претседателските избори закажани за 13 април ќе бидат првите на кои македонската дијаспора ќе има право на глас. Гласањето во дијаспората ќе се одржи еден ден претходно, на 12 април.
