Продолжуваат протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“

21.03.2017 13:09

Од граѓанската иницијатива најавија дека продолжуваат со протестите сѐ до исполнувањето на нивните барања за зачувување на унитарниот карактер на државата и за отфрлање на платформата од Тирана.

Бараме од комесарот Хан да знае дека не може да се прави есап за народот во македонија без народот во македонија, велат од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Побараа да се сретне со нив за да му ги реафирмираат барањата.

Од граѓанската иницијатива најавија дека продолжуваат со протестите сѐ до исполнувањето на нивните барања за зачувување на унитарниот карактер на државата и за отфрлање на платформата од Тирана.

Освен во Скопје, протести се најавени во уште 40-на градови и населени места.