Кривични пријави за четири лица што фрлија молотови коктели врз Музејот на Албанската азбука во Битола

21.03.2017 13:43

На 7-ми март годинава пријавените изработиле 4 молотови коктели, со цел да го опожарат Музејот на албанската азбука.

СВР Битола поднесе кривична пријава против три лица од Битола и едно од Демир Хисар на возраст од 16 и 17 години, под сомнение дека извршиле кривично дело предизвикување општа опасност.

На 7-ми март годинава пријавените изработиле 4 молотови коктели, со цел да го опожарат Музејот на албанската азбука. Трагите и предметите кои се подигнати и пронајдена ДНК укажуваат и оставаат сомнеж дека пријавените малолетници се извршители на кривичното дело, велат од битолската полиција.