Договорен бројот на членови на Комисијата за избори и имненувања
Според извори од собраниските служби, договорено е ВМРО-ДПМНЕ да има 6 члена во Комисијата, СДСМ 5, а ДУИ и БЕСА да бидат застапени со по еден член.

Координацијата на претставниците на парламентарните групи за утврдување на составот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата е прекината заради дополнителни консултации и ќе продолжи по 15 часот и 30 минути.
На координацијата во Собранието претставници на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и БЕСА го утврдуваат бројот на членови со кои ќе бидат застапени овие партии во Комисијата, а треба да дадат и предлог имиња на членовите. Утврдувањето на предлогот за состав на Комисијата е предуслов за закажување на продолжение на конститутивната собраниска седница.
Според извори од собраниските служби, договорено е ВМРО-ДПМНЕ да има 6 члена во Комисијата, СДСМ 5, а ДУИ и БЕСА да бидат застапени со по еден член.
Според Деловникот на Собранието, Комисијата за прашања на изборите и именувањата се избира на конститутивната седница на Парламентот на предлог на најмалку 10 пратеници, а нејзиниот состав треба да обезбеди соодветна застапеност на пратениците од политичките партии застапени во Собранието. Оваа Комисија или најмалку 20 пратеници може да предложат кандидат за претседател на Собранието, а предлагач може да биде и пратеник.
Конститутивната седница на Собранието почна на 30 декември 2016 година, но беше прекината сооглед дека не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на законодавниот дом.
