Средба на Вангеловски со Зврлевски и Додевски

21.03.2017 14:34

Претседателот на Врховниот Суд, Јово Вангеловски на средби со првиот човек на Јавното обвинителство Зврлевски и со претседателот на адвокатската комора Додевски. Средбата со Специјалниот јавен обвинител јанева е одложена поради нејзини неодложни обврски. Дополнително ќе биде закажан термин за нова средба.

Претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски денеска имаше средба со јавниот обвинител на РМ Марко Зврлевски и со претседателот на Адвокатската комора Никола Додевски, а закажаната средба со специјалната обвинителка Катица Јанева е одложена поради обврски на обвинителката и дополнително ќе биде закажана.

Подобрување на комуникацијата меѓу Врховниот суд и Јавното обвинителство била целта на состанокот со Зврлевски, изјави Вангеловски по средбата.

Средбата со Додевски беше оценета дека е во насока на подобрување на позицијата на адвокатурата во правосудниот систем.

На средбата, како што посочија, биле наведени проблемите на адвокатите и правните застапници, а за конкретни случаи и предмети не разговарале.

Вангеловски истакна дека за време на разговорот констатирале дека Врховниот суд може многу да помогне во решавањето на проблемите со кои го запознале од Адвокатската комора на денешната средба“.

Средбите се организирани по покана на претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски.