Голема понуда и побарувачка на саемот за мебел
Отворен 43-от Меѓународен саем за мебел, опрема за домаќинства и јавни објекти, репроматеријали и машини. Две години по ред саемот го руши рекордот со 11-те хали кои ги користат над 400 домашни и странски изложувачи. Освен од Македонија, има учесници и од Босна и Херцеговина, Грција, Италија, Словенија, Србија и од Хрватска.

И дрвната индустрија не е имуна на политичките случувања во земјава- велат производителите и трговците. Дополнителен проблем им е нелојалната конкуренција. Сепак, очекуваат да заработат на Саемот. Тврдат оти има квалитетна понуда.
Произведителите на мебел велат дека се обидуваат да ги следат светските стандарди. Трговците, пак, објаснуваат дека добро се продава увезениот брендиран мебел, на цена е квалитетот.
Дека македонските производи можат да се носат со странските потврдува и извозот на бизнисменот Ајредин Беќири. 90% од стоката ја пласира во Австрија и Германија.
Веќе три години постои компанија која редизајнира парчиња мебел, стар и по повеќе од 50 години.
На саемот за мебел учествуваат и банки и осигурителни компании, кои на посетителите ќе нудат поволности за кредитирање и осигурување.
Дијана Ценевска
