САД забрани електронски уреди во авиони кои пристигнуваат од осум муслимански земји
САД воведоа забрана за употреба на поголеми електронски уреди во авионите кои пристигнуваат од осум земји со мнозинско муслиманско население. Разузнавачите тврдат дека терористите се служат со иновативни методи за напад.

Патниците од Турција, Египет, Јордан, Кувајт, Мароко, Катар, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати не смеат да носат електронски уреди во кабинскиот багаж доколку одат во САД. Исклучок од правилото се мобилните телефони. Министерството за национална безбедност тврди дека екстремистите бараат нови иновативни методи за киднапирање и уривање на авионите.
„За Њујорк и Лос Анџелес имаме повеќе летови од Блискиот Исток отколку од другите аеродроми. Во наредните неколку денови ќе биде хаотично овде.“
„Не знам зошто има дискриминација кон некои земји.“
„Не ми се допаѓа ова, не е фер.“
„Не мора да имаме уреди со себе кога летаме, но ова е веќе непочитување на личните права, сакам конректна причина“, велат патниците.
Аеродромите и комерцијалните летови веќе беа цел на напади од терористички групи. Пред една година, авион од Дубаи беше оштетен од мала експлозија накратко по полетувањето од сомалискиот главен град Могадишу поради бомба поставена во лаптоп. Вооружени напади беа извршени и на неколку европски аеродроми.
Маја Филдишев
