Телевизија Нова бара средба со Хан

21.03.2017 15:45

Телевизијата Нова и вработени во фирми на првоосомничениот во „Труст“, Сеад Кочан, на протестен собир пред седиштето на Европската унија. Побараа средба со Јоханес Хан, на која сакаа да му соопштат дека чувствуваат притисок во нивното работење од Специјалното јавно обвинителство кое го отвори случајот. Реагираа и уште неколку медиумски организации.

Случувањата со Телевизијата Нова и со нејзиниот сопственикот, како и притисокот од Специјалното јавно обвинителство со поведувањето на случајот „Труст“ беа главните теми за кои уредниците побараа средба со еврокомесарот Хан. Велат дека денеска се пред седиштето на Европската комисија во Скопје поради тоа што токму Брисел се залага за слободата на медиумите, како водечка европска вредност.

Македонската Асоцијација на новинарите, независниот Синдикат на новинарите и независниот Совет за етика на еврокомесарот му предадоа извештај за состојбата во медиумскиот и цивилниот сектор, бидејќи сметаат оти Хан ја нема целосната слика за земјава.

Освен вработените во Телевизијата Нова, пред ЕУ-Инфо центарот протестираа и другио вработени во фирмите на Кочан, како и претставниците на Бошњачката заедница.

 

Игор Панов