Првиот човек на Врховен на средби со Зврлевски и Додевски
Претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски ги пречека јавниот обвинител Зврлевски и првиот човек на Адвокатската комора Додевски. Немаше средба со Катица Јанева, обвинителката имала обрски. Главна тема на состаноците- состојбите во правосудството.

Првиот човек на Врховен суд, Јово Вангеловски не сакаше да коментира за случувањата во Кривичниот суд, а јавниот обвинител Зврлевски рече дека разговарале за проблемите со кои се соочува институцијата, но не и за, како што рече, тоа што се случува по ходниците.
Зврлевски не сакаше да ги коментира ниту постапките за изборни нерегуларности кои се водат пред Јавното обвинителство. Шефот на Врховен, Вангеловски, пак, посочи дека средбите се со цел подобрување на комуникацијата.
По средбата со претседателот на Адвокатската комора Никола Додевски, Вангеловски рече дека е запрепастен од листата на проблеми со кои го запознала делегацијата на Адвокатската комора. Тема било и еднаквото третирање на странките во судот.
Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева не дојде на средба поради неодложни овбрски, но средба ќе има во друг термин.
Фиљана Кока
