Новата ценовна методологија ќе го подобри квалитетот на водата
Реформите во секторот води, ќе значат поголема ефикасност на претпријатијата и подобри услуги за граѓаните, тврдат од Министерството за животна средина. Со законските измени, Регулаторната комисија за енергетика ќе ја утврдува и минамалната цена на водата.

Со новата унифицирана методологија за тарифи на водни ресурси цената на водата за пиење и за третман на отпадни води реално ќе се пресметува. Ќе зависи од работата на комуналните претпријатија и водостопанства. Надлежните со став, поголеми ценовни поместувања нема да има, но квалитетот на услугите ќе се подобри. Очекуваат Регулаторната комисија за енергетика да воведе ефикасен систем што ќе ги покрива оперативните трошоци, и правилно ќе ги насочи парите за да се намалат загубите, да се подобрат услугите.
Во земјава секоја општина има своја посебна методологија, но сѐ уште нема механизми со кои ќе се врши увид дали се применува или не, најчеста причина и за загубите што ги имаат комуналните претпријатија во општините. Познавачите велат, скап ресурс во светски рамки што неразумно се троши во Македонија поради немање цврста законска основа за определување на цената.
Државава е една од ретките во Европа која сѐ уште има безбедна вода за пиење- говорат податоците од Институтот за јавно здравје по направените истражување за јавното мислење околу водните ресурси.
Со реформите во секторот за вода се очекува зголемување на свеста за важноста на скапоцениот, подобрување на квалитетот на услугите од комуналите претпријатија, зголемување на ефикасноста и намалување на нивните загуби.
Сузана Фиданска- Стоевска
