Трамп потпиша предлог- закон за финансирање на НАСА

22.03.2017 10:31

Законот одобрува буџет во износ од 19,5 милијарди долари за годинава. Неодамна Трамп поднесе предлог во Конгресот за следната 2018 година на НАСА да и бидат одобрени 19,1 милијарда долари.

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша предлог-закон за финансирање на американската вселенска агенција НАСА, во кој се наведува дека една од целите е истражување на Марс и испраќање летало на таа планета.

Законот одобрува буџет во износ од 19,5 милијарди долари за годинава. Неодамна Трамп поднесе предлог во Конгресот за следната 2018 година на НАСА да и бидат одобрени 19,1 милијарда долари.

Со документот се овозможува продолжување на работата на Меѓународната вселенска станица речиси до 2024 година и користење на вселенски бродови за испраќање астронаути до станицата.