Францускиот министер за внатрешни работи поднесе оставка

22.03.2017 10:57

На прес-конференција негираше дека го прекршил законот.

Францускиот министер за внатрешни работи Бруно Ле Ру поднесе оставка откако призна дека ги ангажирал ќерките на привремена работа во Парламентот во текот на летниот распуст.

На прес-конференција негираше дека го прекршил законот. Неговото место ќе го преземе актуелниот министер за трговија и туризам Матијас Фекл.