Австралија ја привршува програмата за преселување на бегалци

22.03.2017 11:13

Плановите за кризниот регион беа објавени од поранешниот премиер Тони Абот во септмеври 2015 година.

Австралија наскоро ќе ја заврши програмата за преселување на 12.000 бегалци од Сирија и од Ирак.

Плановите за кризниот регион беа објавени од поранешниот премиер Тони Абот во септмеври 2015 година.

Годишно Австралија прифаќа над 13.000 луѓе од други држави. Од фискалната 2018-2019 година бројката ќе биде зголемена до 18.750 луѓе.