Извозот расте побрзо од увозот

09.02.2014 12:30

Македонските компании лани извезле стоки и услуги во вредност од 4,27 милијарди долари што споредено со претходната година е пораст за 6,6 проценти, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика.

Македонските компании лани извезле стоки и услуги во вредност од 4,27 милијарди долари што споредено со претходната година е пораст за 6,6 проценти, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика.

Доколку се анализираат изминатите четири години, ќе се види дека почнувајќи од 2010 година имаме константно зголемување на извозот, со исклучок на 2012 година, која поради финансиската криза во Европа, беше една од најтешките години за македонските извозни компании а која на крај резултираше со годишен пад на извозот од 10 отсто. Увозот пак, постепено се намалуваше, додека трговскиот дефицит продолжи да циркулира околу две милијарди долари, пишува порталот „Економски Лидер“. 

Ако се суди според прогнозите на економските аналитичари кои очекуваат Германија, најсилната економија во еврозоната, каде што се извезуваат најголем дел од македонските производи, годинава да оствари раст од 1,2 отсто до два отсто, тогаш позитивни очекувања сигурно може да имаме и за македонската економија. Оптимистички прогнози за годинава најави и Светската банка, според кои светската економија ќе закрепнува годинава под влијание на растот кој ќе го забележат земјите во развој и веќе високо развиените земји.