Заев во ОЈО, ќе врши увид на доказите

22.03.2017 12:09

Досега во Обвинителството во оваа предистражна постапка се сослушани повеќе од 70 сведоци. Обвинителството во февруари информираше дека лани е отворена постапка откако една институција, без да се прецизира која, поднела кривична пријава.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев дојде во Основното јавно обвинителство за случајот што го отвори обвинителството за злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања. Треба да изврши увид во доказите на предметот, по што осомничените ќе можат да состават одбрана.

Досега во Обвинителството во оваа предистражна постапка се сослушани повеќе од 70 сведоци. Обвинителството во февруари информираше дека лани е отворена постапка откако една институција, без да се прецизира која, поднела кривична пријава.

Во истиот случај, партијата на Заев се сомничи и за давање лажни податоци во финансиските извештаи, за што како што велат од Обвинителството, постојат материјални и писмени докази.

Заев по распитот во петокот рече дека финансиските извештаи на партијата се јавно достапни и доставени до Државниот ревозор и дека немало никакво сомневање во извештајот.