Брисел ја одбележува годишнината од нападите на аеродромот и метрото

22.03.2017 12:56

Во нападите загинаа 32 лица, а беа ранети над 300 луѓе. Одговорноста ја презедоа џихадистите од Исламска држава.

Белгија ја одбележува годишнината од нападите на аеродромот во Брисел и во подземната железница во кои загинаа 32 лица, а беа ранети над 300 луѓе.

Одговорноста ја презедоа џихадистите од Исламска држава.

Брисел е седиштето на Европската Унија, НАТО, многу меѓународни агенции и компании.