„За заедничка Македонија“ продолжува со протести

22.03.2017 13:41

Од граѓанската иницијатива порачаа- „Не-за тиранската платформа, не-за двојазична и федерализирана македонија, не- за рушење на унитарноста“.

Нови протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ се закажани за денеска. Вчера се одржаа собири во повеќе од 40 градови и населени места.

Од граѓанската иницијатива порачаа- „Не-за тиранската платформа, не-за двојазична и федерализирана македонија, не- за рушење на унитарноста“.

Организторите велат маршевите продолжуваат сѐ до исполнување на барањата.