Скопје доби зелен билборд за прочистување на воздухот

22.03.2017 13:51

Во центарот на Скопје поставен зелен билборд за прочистување на воздухот. Иновативното решение за загадениот воздух има способност да неутрализира 240 тони јаглерод диоксид годишно, велат од невладината Еко- свест. Вакви инсталации има и во повеќе европски градови.

По Осло, Париз, Дрезден и Хонг Конг, Скопје и Тетово добија решение за загадениот воздух преку иновативната вертикална инсталација „City Tree“. Статистиката вели 90% од жителите на градовите ској ден дишат загаден воздух, што е причина за смрт на секој 7-ми човек во светот.

Конструкцијата е комбинација на нови технологии и сензори за собирање на податоци од важност за животната средина и климата со цел оптимално функционирање.

Првите две инсталации се обезбедени со поддршка од Амбасадата на Сојузна Република Германија и донации од македонските и странски компании.

Овој растителен филтер го компензира загадувањето од 417 автомобили на годишно ниво и може да се адаптира на секоја средина. Иако инсталацијата има ист ефект како 275 дрвја, сепак не може да ги замени, велат од невладините еколошки друштва.

Анита Никушева – Јованчев