Викендот почнува летното сметање на времето

22.03.2017 14:35

Преминувањето од зимско на летно сметање на времето е воведено со образложение дека се „продолжува“ денот, се овозможува заштеда на електрична енергија, се зголемува продуктивноста на работната сила...

Летното сметање на времето почнува претстојниот викенд, односно на 25-ти кон 26-ти март кога стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час нанапред, односно времето во 2 часот ќе се смета како 3 часот наутро.

Преминувањето од зимско на летно сметање на времето е воведено со образложение дека се „продолжува“ денот, се овозможува заштеда на електрична енергија, се зголемува продуктивноста на работната сила, се подобрува прилагодувањето на луѓето и работниот ден станува поефикасен. 

Летното сметање на времето завршува во последната недела во октомври кога во три часот наутро стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час наназад.