Сѐ уште нема договор: Продолжува координативната средба на парламентарните групи во Собранието
И натаму нема отстапување од ставовите. ВМРО-ДПМНЕ инсистира како најголема пратеничка група да го добие претседателското место во Комисијата. Од СДСМ, пак, со став дека тие го имаат обезбедено парламентарното мнозинство и дека треба да раководат со Комисијата.

Сѐ уште нема договор за избор на претседател на Комисијата за избори и именувања. По еден час консултации, пауза за дополнителни внатрепартиски координации.
И натаму нема отстапување од ставовите. ВМРО-ДПМНЕ инсистира како најголема пратеничка група да го добие претседателското место во Комисијата. Од СДСМ, пак, со став дека тие го имаат обезбедено парламентарното мнозинство и дека треба да раководат со Комисијата.
Досега е усогласен соодносот на членовите во Комисијата. Шест члена ќе бидат од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ, а по еден ќе имаат ДУИ и Беса.
