КСС- членка на Европската и на Меѓународната конфедерација на синдикати
Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија стана полноправна членка на Европската конфедерација на синдикати и во Меѓународната конфедерација на синдикати. За претседателот на КСС, Благоја Ралковски, полноправното членство во овие меѓународни организации е признание за досегашните напори на КСС.

Првиот човек на КСС, Ралковски е задоволен од постигнатите успеси на полето на заштитата на работничките права. Според него потпишувањето на општиот колективен договор за јавниот сектор, донесувањето на Законот за мирно решавање на споровите, како и на Законот за минимална плата, се најкрупните достигнувања на овие синдикати. Тој смета дека треба да се измени начинот на пресметување според европски стандарди со кои ќе бидат задоволни како работниците, така и работодавачите.
Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими, смета дека социјалниот дијалог во изминатиот период бележи значителен прогрес. Сепак, вели треба да се работи во следниот период на негово зајакнување со цел унапредување на работничките права и на обврските и правата на работодавачите
Конфедерацијата на слободни синдикати од своето постоење до денес брои над 65 илјади членови. Од сега е и полноправна членка на Еевропската конфедерација на синдикати и на Меѓународната конфедерација на синдикати.
Фиљана Кока
