Заев на увид во доказите за финансирање кампања

22.03.2017 15:09

Во изјава за медиумите, Заев рече дека СДСМ е партија која може да послужи како пример за финансиско работење.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев дојде да изврши увид во доказите за кои Јавното обвинителство отвори постапка за злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања од последните избори.

Во изјава за медиумите, Заев рече дека СДСМ е партија која може да послужи како пример за финансиско работење.

Досега во обвинителството во оваа предистражна постапка се сослушани повеќе од 70 сведоци. Обвинителството во февруари информираше дека лани е отворена постапка откако една институција, без да се прецизира која, поднела кривична пријава.

Во истиот случај, партијата на Заев се сомничи и за давање лажни податоци во финансиските извештаи, за што како што велат од Обвинителството, постојат материјални и писмени докази.

Заев по распитот во петокот рече дека финансиските извештаи на партијата се јавно достапни и доставени до државниот ревозор и дека немало никакво сомневање во извештајот.