Олимписки игри во Сочи: Колоња најдобар во скијатлон
Швајцарецот Дарио Колоња е нов олимписки шампион во скијатлон, кој се одржа во Лаура ски комплексот во околината на Сочи. Во фантастична трка на 30 километри, од кои првата половина беа во класичен, а втората во слободен стил, до последните 2 км имаше 15 – тина кандидати за највисок пласман, а во финишот светскиот шампион беше побрз од досегашниот олимписки победник Швеѓанецот Маркус Хелнер, и успеа да триумфира со 4 десетинки предност.

Швајцарецот Дарио Колоња е нов олимписки шампион во скијатлон, кој се одржа во Лаура ски комплексот во околината на Сочи. Во фантастична трка на 30 километри, од кои првата половина беа во класичен, а втората во слободен стил, до последните 2 км имаше 15 – тина кандидати за највисок пласман, а во финишот светскиот шампион беше побрз од досегашниот олимписки победник Швеѓанецот Маркус Хелнер, и успеа да триумфира со 4 десетинки предност. Бронзениот медал го освои најдобриот сезонава во светскиот куп, Норвежанецот Мартин Јонсруд Сундби, кој за една десетинка беше побрз од Русинот Максим Виљегжагин.
Во најбрзата трка во историјата, Колоња 30 – те километри ги мина за 1 час, 8 минути, 15 секунди и 4 десетинки, или за 4 десетинки побрзо во однос на досегашниот олимписки шампион, Швеѓанецот Маркус Хелнер. Колку беше брза трката, сведочат и резултатите, дури 55 – мина скијачи возеа побрзо од времето кое беше потребно за освојување на златниот медал во Ванкувер 2010 година.
Норвежанецот Петер Нортуг не ги исполни очекувањата поради обновување на повредата на препоните, и последните километри ги мина симболично, за освојување на 17 – то место. Вреди да се истакне 41 – годишниот Италијанец Џорџо ди Чента. Поранешниот двоен олимписки шампион од Торино 2006 година, во најголем дел од трката беше рамноправен со најдобрите, и на крајот се пласира на 12 – та позиција.
