Стандардите- клуч за квалитет и конкурентност
Македонските компании со меѓународна сертификација и стандарди имаат полесен пристап до странските пазари, поголем извоз и конкурентност. Во земјава, најприменуван е ИСО 9001. Познавачите со став, компаниите сѐ уште немаат изградено сериозен однос кон сертификацијата.

Со имплементирани меѓународни стандарди и во услови на политичка криза полесен е пристапот на странски пазари, квалитетот на сертифицираниот производ е препознатлив меѓу деловните партнери. Но, мал е бројот на компании во Македонија што ги применуваат. Сѐ почеста е практиката, сертификатот да се бара и цени само како документ за правна сигурност и полесно добивање овластувања и дозволи- велат познавачите
„Македонските компании моментално не толку сериозно ја прифаќаат темата за стандардизацијата. Во последно време се гледа тенденција за користење на сертификатите само за одредени намери, а не за подобрување на севкупното работење на компанијата, иако придонесуваат за поквалитетно работење на компаниите, поголема усогласеност на домашната и меѓународната законска регулатива и во исто време и за полесен пасман на производите и услугите кои ги нудат компаниите во Европа и светски рамки“, вели Михајло Евросимовски, член на УО на ССК.
Во Македонија најприменливи се ИСО 9001 и 14001 за управување со животната средина што го имаат над 300 компании. Сѐ позастапен е и на системот за управување со здравје и безбедност при работа, законска обврска за македонските институции и фирми. Најголема примена на меѓународните стандарди има кај извозно орентираните бизниси. Наспроти цената на стандардизација што зависи од големината на компанијата и бројот на вработени, придобивките се повеќекратни и исплатливи- велат менаџерите. Конкурентска предност, меѓународна препознатливост, намалување на трошоците од евентуално казни за прекршување на законските барања, подобрен углед и доверба кај бизнис заедницата.
Глобалната мрежа на национални тела има објавено над 21.500 меѓунардни стандарди за речиси сите индустрии, технологијата, здравството, безбедноста на храна.
Сузана Фиданска- Стоевска
