Брисел: Една година од нападите на аеродромот и метрото

22.03.2017 16:24

Белгија ја одбележува годишнината од нападите на аеродромот и метрото. Брисел се сеќава на 32-цата загинати. Одговорноста ја презедоа џихадистите од Исламска држава.

Белгија одбележува една година од терористичките напади во Брисел во кои загинаа 32 лица, а над 300 беа повредени. Комеморативни церемонии се одржаа на местата на нападите, аеродромот Завентем и метростаницата Малбек, на кои присуствуваше кралското семејство и целиот владин естаблишмент на Белгија.

22-ри март 2016 засекогаш ќе остане во нашите срца. Стоиме тука, обединети за да го одбележиме тоа што се случи на тој ден. Да им оддадеме почит на оние кои не се веќе меѓу нас. И да не заборавиме.“

Една минута тишина и во Европските институции. „Терористичките напади не ја погодија само Белгија, туку го погодија срцето на Европа, нашиот главен град Брисел. Соочени со овој преседан и несфатливо насилство, ние кои живееме во Брисел, со поддршка на народите од Европа, стоиме цврсто и не губиме надеж. Ние ја покажавме нашата решеност да ги браниме нашите вредности и слободи“, истакна претседателот на неформалната влада на Евопската унија, Жан Клод Јункер.

А во центарот на Брисел во знак на сеќавање на жртвите беше поставен споменик. Во Бриселската шума беа засадени 32 брези кои симболизираат живот и регенерација.

Најгласна пораката дека животот продолжува најсликовито ја пренесоа вработените на Белгиската Железница. Една минута бучава за жртвите. Симболицната акција дека жртвите нема да бидат заборавени и пораката дека железницата секогаш ќе биде на услуга граѓаните беше громогласно поздравена од патниците.

Серијата џихадистицки напади имаа огромно влијание во понатамошниот живот на граѓаните.

Ние сакаме мир, сакаме да живееме во мир, јас мислам дека многу муслимани кои живеат во Европа го сакаат истото. Да имаат добра иднина за нив и нивните деца... Безбеден, тоа е голем збор. Стравот е постојано присутен. Ако гледате во Брисел постојано има вооружени војници. Мислам дека повеќе треба да инвестираме во образование, дијалог и во интегрирање на луѓето.“

Мислам дека никој не може да се чувствува безбеден цело време. Страшно е да гледаш како невини луѓе страдаат, поради нешто за што тие немаат влијание. Пораката која сакам да ја пратам е да не се оди во насока на поделба на луѓето.

Инаку, степенот на безбедост во Брисел изминатава година постојано беше меѓу 2-ро и 3-то ниво на закана. Присуството на војската во полна борбена опрема веќе цела година е дел од секојдневието на Бриселчани.

Видливи траги од терористицките напади не останаа, но затоа остана тагата, горчината хиперпретпазливоста, но над сѐ желбата за мир и соживот.

 

Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ